ФОТО | Каде има чад, има и оган: Тејлор Свифт „фатена на дело“ со познатиот рокер

Фото: Епа/Профимедиа

Тејлор Свифт (33) и нејзиното ново момче, Мети Хили (34), беа сликани заедно за прв пат во текот на викендот.
Наводниот романтичен пар беше фотографиран како пристигнува во станот на Свифт во Нешвил, Тенеси, во 12:30 часот, неделата наутро, објави Дејли меил.
Свифт и Хили, пејачот и гитарист на „The 1975“, седеле на задното седиште на автомобилот, кој го управувал шофер.

Фотографиите од славна двојка се појавија по шоуто на Свифт во Мјузик Сити, саботата навечер, за време на кое Хили се прикраде на сцената и настапи со Фиби Бриџерс, по што се упати до ВИП-делот за да го гледа шоуто заедно со другарките на Тејлор.
Свифт и Хили беа романтично поврзани за момент во 2014 година и наводно од тогаш останале пријатели.
Двајцата музичари се „лудо вљубени“ и подготвени да излезат во јавноста со нивната нова врска, изјави за „Сан“извор кој тврди дека е близок со пејачката.
И покрај тоа што, никој од познатата двојка сѐ уште јавно не се огласил по повод гласините, настапот и присуството на Хили на концертот на Тејлор и новите фотографии од автомобилот доволно говорат за нивниот однос.
И двајцата пејачи моментално се на турнеја низ земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот