Тедрос задоволен од „историската одлука“ на САД за суспензија на патентите за вакцини против ковид-19

Тедрос Аданом Гебрејесус
Тедрос Аданом Гебрејесус / Фото: EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус ја поздрави „историската одлука“ на САД да поддржат привремено укинување на патентите за вакцини против коронавирус.

– Им честитам на САД за таа историска одлука во корист на правдата за вакцината, која фаворизира благосостојба за сите во ова клучно време. Ајде, одиме сите напред брзо, солидарно, градејќи се на генијалноста и посветеноста на научникот кој произвел спасоносни вакцини против короната, твитна генералниот директор на Светската здравствена организација.

Шефот на СЗО лобира со месеци, секогаш кога ќе се укаже можност, во корист на оваа мерка, предложена од СЗО во Индија и Јужна Африка.

Поддршката на Белата куќа за привремено укинување на правата на интелектуална сопственост „ги рефлектира мудроста и моралното раководство на САД да ја поддржат правичноста на вакцината и да работат на ставање крај на оваа пандемија”, напиша Тедрос на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот