„Те сакам“: Џон Траволта се збогуваше со драгата колешка Кирсти Ели

Фото: kpa Publicity / United Archives / Profimedia

Актерот Џон Траволта (68) ѝ оддаде почит на својата драга колешка Кирсти Ели, која почина на 71-годишна возраст по тешката битка со ракот.

„Врската со Кирсти ми беше една од најпосебните врски во животот. Кирсти, те сакам. Знам дека ќе се видиме повторно“, напиша актерот на својот инстаграм-профил.

Траволта, чија сопруга Кели Престон, исто така, почина од рак во 2020 година, сподели и краток сегмент од нивниот заеднички филм „Look Who’s Talking“, кој беше апсолутен хит во осумдесеттите години на минатиот век.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by John Travolta (@johntravolta)

Низ годините, Ели повеќепати зборуваше за нејзиниот посебен однос со Траволта.

„За малку ќе избегав и ќе се омажев за Џон. Го сакав и сè уште го сакам. Да не бев веќе мажена тогаш, ќе избегав и ќе се омажев за него“, изјавила Ели во една прилика.

Фото: TriStar Pictures / Management Co / AFP / Profimedia

Ели и Траволта го снимија филмот „Look Who’s Talking“ во 1989 година, а во тој период Ели беше во брак со актерот Паркер Стивенсон. Иако и двајцата имале чувства еден за друг, сепак ништо не се случило меѓу нив бидејќи Ели била зафатена.

„Требаше да поминат години за да престанам да го гледам Џон на романтичен начин. Тој беше најголемата љубов во мојот живот“, искоментирала таа.

Ели се разведе од Стивенсон во 1997 година, но Траволта тогаш веќе беше во брак со Кели Престон.

Почина актерката Кирсти Ели по тешка битка со ракот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот