Тажна вест: Струмица се прости од својот драг професор и спортски тренер, Здравко Јовановски

Фото: Струмица денес

По кратко боледување, почина професорот по физичко образование Здравко Јовановски, објави порталот „Струмица денес“.

– Здравко Јовановски беше ведар и вечно насмеен човек, низ животот се движеше со мотото дека живее да ги направи другите среќни и задоволни со себе. Долги години беше соработник на порталот „Струмица денес“ и учествувше во голем број проекти, велат од „Струмица денес“.

Здравко беше сопруг и татко на две деца, а покрај кариерата како професор по физичко образование во основно училиште, на струмичани им е познат и како успешниот тренер во Пулсфит.

Струмичани утре за последен пат ќе се поздрават со Здравко. Посмртните останки ќе бидат изложени од 12.00 часот, а погребот во 13.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот