Таткото на Халанд отиде на состанок со Реал по преговорите со Барса

Ерлинг Халанд/EPA-EFE/MARTIN MEISSNER

Менаџерот на Ерлинг Халанд разговараше со Барселона, а сега на ред се преговорите со Реал Мадрид, објави познатиот италијански новинар Фабрицио Романо.

Романо тврди дека менаџерот на Халанд, Мино Раиола, придружуван од таткото на 20-годишниот напаѓач Алф-Инге, одржал состанок во Барселона со претседателот на каталонскиот гигант Жоан Лапорта.

Двајцата сега се во Мадрид каде ќе се сретнат и со претседателот на Реал, Флорентино Перез.

Халанд пристигна во Дортмунд во јануари 2020 година од РБ Салцбург за 20 милиони евра, и оттогаш тој постигна дури 49 гола на 49 настапи за клубот во сите натпреварувања.

Дортмунд ќе бара 180 милиони евра, пишува „ЕСПН“

Тој сега е „мета“ на сите најголеми европски клубови, а Раиола неодамна изјави дека Норвежанецот може да избере каде ќе оди.

Халанд има клаузула во договорот со Дортмунд според која може да се купи за 70 милиони евра во летото 2022 година, но тешко е да се очекува дека некој од заинтересираните клубови ќе почека уште една година.

Како што неодамна објави „ЕСПН“, Борусија сака да го задржи својот најдобар играч уште една година, па летово ќе побара 180 милиони евра за него. Германците се свесни колку Халанд е баран на пазарот, но и дека следното лето може да го загубат за многу помалку пари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот