Талибанците повторно побараа од САД одмрзнување на авганистанските средства

Талибанци/ фото: Радио Пакистан/Твитер

По дводневните разговори во Доха на кои присуствуваа талибанскиот министер за надворешни работи Амир Кан Мутаки и специјалниот претставник на САД за Авганистан, Том Вест, талибанците повторно побараа од САД да ослободат милијарди долари замрзнати средства, додека Авганистан е зависен од помошта се бори со економската криза.

Авганистанците повикаа и на прекин на црните листи и на санкциите, како и човековите права да се одвојат од политичките.

Тоа беше втор круг разговори меѓу двете страни во Катар откако САД ја завршија својата 20-годишна окупација на Авганистан и тврдокорните исламисти брзо се вратија на власт.

– Двете делегации разговараа за политички, економски, човечки, здравствени, образовни и безбедносни прашања, како и обезбедување на потребните банкарски и парични средства, напиша на Твитер портпаролот на авганистанското Министерство за надворешни работи, Абдул Кахар Балки.

Вашингтон замрзна речиси 9,5 милијарди долари имот на авганистанската Централна банка. Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, исто така, ги прекинаа активностите во Авганистан, ја укинаа помошта, вклучително и 340 милиони американски долари во новите резерви издадени од ММФ во август.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот