Талески: Имаме најтешка група на Европското првенство, но за нас е еден предизвик

Филип Талески на тренингот со репрезентативците во Стара Пазова, Србија/фото: РФМ

Најдобрата македонска ракометна репрезентација е во Стара Пазова, Србија, каде ги одржува подготовките за настапот на Европското првенство 2024 во Германија.

Во еден одличен тренинг нашите најдобри ракометари во текот на вчерашниот ден меѓу себе одиграа пријалски меч.

Потсетување дека на ЕП избраниците на селекторот Кирил Лазаров се наоѓаат во групата „А“ заедно со Франција, Германија и Швајцарија. Првиот меч на континенталниот собир ќе го имаат во Диселдорф против француската селекција на 10 јануари со почеток од 18.00 часот.

Меѓу последните репрезентативци кој пристигна во Стара Пазова беше левиот бек Филип Талески:

– Среќен сум што повторно имаме големо натпреварување, Европското првенство во Германија, земја која го сака спортот и многу вложува во ракометот. За нас ќе биде тоа една голема можност да се докажеме како репрезентација. Тука сме сите среќни и сплотени, со оваа атмосфера што ја имаме тука, со сите новитети што ги подготви селекторот за нас, имаме шанси да се покажеме во најдобро светло – вели Талески.

Играчот на португалската Бенфика ја коментираше и групата на Европското првенство:

– Имаме најтешка група што можевме да ја добиеме, но за нас е еден предизвик. На ова ЕП ќе се испишува историја по број на навивачи. Имаме можност на отворањето да играме против Франција која секоја година атакува на медал, на златниот медал. За нас ќе биде плус мотив да се натпреваруваме и се докажуваме против најдобрите. Мислам дека не треба да чувствуваме некој голем притисок, треба да уживаме, бидејќи ќе играме пред 55.000 гледачи на стадион. Можеби никогаш во животот нема да имаме таква шанса, треба да одиграме натпревар пред сè за нас, потоа за навивачите кои ќе дојдат да нè поддржат. Мислам дека со такви мисли може да направиме добар резултат, може и до победа да стигнеме, но треба да одиме чекор по чекор. Ни следува Германија која е домаќин, но не треба да се плашиме. Покажавме во минатото дека можеме да играме против Германците, и кај нив има промена на генерација, со доста млади играчи. Најголема шанса за победа имаме против Швајцарија против која сме играле многу пати во квалификации, шанса по долго време да оствариме триумф на големо натпреварување – рече Талески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот