Тајсон Фјури против Усик во „борбата на векот“ за апсолутен шампион во тешка категорија

фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Британскиот боксер Тајсон Фјури ќе се бори против Украинецот Олександар Усик во Саудиска Арабија во првата борба на овој век за обединување на сите титули во тешка категорија, објави денеска агентот на Фјури, Френк Ворен.

Фјури е шампион на ВБЦ во тешка категорија, а Усик ги држи појасите ИБФ, ВБА и ВБО.

Борбата ќе се одржи во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, а датумот сè уште не е познат.

– Ова е најголемата борба што може да се организира во нашиот спорт. Не се сомневам дека ова ќе биде најголемиот боксерски настан на векот – рече Ворен.

Последната борба која го круниса апсолутен шампион во тешка категорија беше во 1999 година, кога Ленокс Луис го победи Евандер Холифилд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот