Тајсон е подготвен на 55 години да се врати во рингот и тоа за милијарда долари

Мајк Тајсон /Фото: /EPA-EFE ETIENNE LAURENT

Поранешниот шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон е подготвен повторно да влезе во рингот, но само под еден услов,  за милијарда долари.

Тајсон повторно би ги облекол ракавиците и е подготвен да боксува со својот добар пријател, јутјуберот Џејк Пол кој во последно време е активен во рингот.

– Никој не зборувал со мене за евентуален бокс меч. Заедно со Џејк пушевме марихуана, правевме печурки, но не ми спомна ништо за било каков бокс меч. Нема да кажам „не“ на таков меч, но сакам да го видам догоорот – рече Тајсон во својот подкаст.

„Железниот“ Мајк откри дека и на 55 години ќе влезе во рингот, но под еден услов.

– Подготвен сум повторно да боксувам, но за милијарда долари – рече Тајсон.

Мајк Тајсон минатата година ги вкрсти ракавиците со уште една боксерска легенда Рој Џонс јуниор во хуманитарен бокс меч.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот