Затвореник криел дрога

СВР Битола поднесе кривична пријава против А.Б.(28) од Битола. Тој од полицијата е осомничен за неовластено поседување на наркотични дроги. На 9 јули пред две години, во Казнено-поправната установа затвор „Битола“ при претрес на личните работи на пријавениот, бил пронајден и одземен хероин, извести МВР.