Нема веќе пуш-пауза во училишни дворови и спортски обложувалници, а нема да гледаме чад ниту на филмови, ниту на поткасти – каде сè нема да смее да се пушат цигари?
Со новиот Нацрт-закон за заштита од пушење, објавен на електронскиот регистар ЕНЕР и отворен за јавна дебата, државата најавува најсеопфатна рестрикција на пушењето досега. Предлог-решенијата опфаќаат низа простори каде досега забраната или не постоеше или не се спроведуваше, со јасна цел – поголема заштита на јавното здравје, особено на децата. Забраната за пушење, доколку законот …

