Вајарот Андреј Митевски со изложбата „Торза“ се претставува во галеријата „Култ“ во Охрид
Во галеријата на културниот центар „Култ“ во Охрид, на 24 јули, со почеток во 20 часот, ќе биде отворена изложба на скулптури „Торза“ на вајарот Андреј Митевски и истата ќе може да се посети до 31 јули. Воведен текст кон изложбата напиша историчарката на уметност Јасмина Котевска. Андреј Митевски е автор со повеќедецениска творечка дејност, …

