Во главниот град на Либија и понатаму се водат тешки битки

Тешки борби во текот на изминатава ноќ се водеа во либиската престолнина Триполи, а ниту една страна не успеала да напредува. Борбите се воделе од вчера попладне до денеска наутро. Силите во Триполи повратиле дел од својата територија, меѓутоа аналитичарите сметаат дека заканите од ЛНА и понатаму ќе бидат присутни.