• струмица

ВИДЕО: Страшна тепачка во центарот на Струмица – маж претепан од толпа со палки и тупаници

Сериозна тепачка во која учествуваат десетина луѓе се случила во центарот на Струмица. На видеото кое го објави Струмица онлајн се гледа како неколкумина прво бркаат некого, па потоа со клоци и со палки го удираат по целото тело. Видеото е вознемирувачко. Слободен печат стапи во контакт со МВР, но засега не откриваат детали за насилниот настан.