Нова жртва во сообраќајка во Струмица: Еден загинат и тројца повредени кај селото Самоилово

сообраќајка
Илустрација

Едно лице загина и тројца се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа околу 22.00 часот се случила на магистралниот пат Струмица-Граничен премин Ново Село, кај селото Самоилово.

Според информациите од СВР Струмица, во несреќата учествувале два автомобили марка Шкода Фабија и Фолксваген Голф и камион со полуприколка со турски регистарски ознаки.

На местото на несреќата починал С.С. (37) од село Самоилово, кој го управувал Голфот, додека Т.К. (24) од село Ново Коњарево и сопатничката А.Ј. (27) од автомобилот Шкода Фабија, како и возачот на камионот, М.К. (42) од Турција, се повредени и биле пренеси на лекување во струмичката болница.

На местото на несреќата увид извршил јавен обвинител и екипа на СВР Струмица.

Инаку, за само еден ден ова е втора сообраќајна несреќа со жртва. Првата се случи вчера во 07:50 часот на регионалниот пат Струмица-Берово, кај крстосницата за селото Сарај, а во неа животот го загуби И.Д. (48) од селото Петралинци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот