Се засадуваат илјада јавори на излетничкото место Чам Чифлик кај Струмица

Јавор

Во рамки на големата пролетна акција за чистење и уредување на Општината, струмичкото комунално претпријатие почна со засадување на илјада јавори на излетничкото место Чам Чифлик кај Струмица.

Од „Комуналец” информираат дека со чистењето и пошумувањето ова излетнико место, кое е атрактивно со својата природа и убавина, ќе добие уште подобар изглед.

Упатуваат апел до граѓаните, кои го посетуваат местото, да се однесуваат домаќински и одговорно со цел да се задржи чистотата и природната убавина на локалитетот.

Истовремено со оваа акција, екипи на ЈПКД „Комуналец” ги поправаат оштетените клупи на трим патеката кон излетничкото место „Свети Илија”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот