Без вода дел од жителите на улица Виничка во Шуто Оризари
Поради уличен дефект на цевка на улица Виничка 5 во населба Шуто Оризари, нејзините корисници ќе немаат вода. Вводоснабдувањето ќе биде прекинато од 12 часот и 15 минути до санирање на дефектот, информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.

