Фудбалер на македонски клуб бил убиен од терористите во Сиднеј: Дан Елкајам бил играч на Рокдејл Илинден
Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“, 27-годишниот Дан Елкајам, е меѓу жртвите во терористичкиот напад што се случи на плажата Бонди во Сиднеј, соопшти клубот преку социјалните мрежи. Од Рокдејл Илинден наведуваат дека со длабока тага ја примиле веста за смртта на нивниот соиграч, кој, како што истакнуваат, бил исклучително талентиран фудбалер и омилена личност …

