Моќна и поројна поезија содржи книгата „Врне ли, врне“ на Ристо Лазаров во издание на „Матица македонска“
Неодамна, книгоиздателството „Матица македонска“ ја објави новата поетска книга на истакнатиот македонски поет Ристо Лазаров со наслов „Врне ли, врне“. Иако зборовите и песните „врнат“ изобилно во стихозбирката „Врне ли, врне“, Ристо Лазаров ја продолжува потрагата по „зборот што го чека“, зашто добро знае дека поезијата е моќна и поројна, но и насушно потребна – …

