ЕСМ продаде 330 мегавати ноќни вишоци

Во изминатото деноноќие АД ЕСМ продаде 330 мегават часови ноќни вишоци електрична енергија. Како што информираат од Влада, АД ЕСМ вчера произведе 19.254 мегават часови електрична енергија, целосно задоволувајќи ги потребите на домаќинствата и малите потрошувачи. Во термоелектраните се произведени 13.763, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 5.491 мегават часови електрична енергија.