ФОТО | Историски успех за Мила Србиноска — освои два сребрени медали на Европското првенство во хип-хоп
Македонската репрезентативка и членка на танцовиот клуб „Брејк а лег“ од Скопје, Мила Србиноска, деновиве постигна огромен успех. На Европското првенство во хип-хоп, попинг, брејкинг и ол стајл батлс, кое се одржа од 1 до 7 јуни во Клагенфурт, Австрија, Србиноска го освои својот втор сребрен медал. По претходно освоеното сребро во дисциплината ол стајл …

