Зошто Божиновска го крие Меморандумот со кој се фалеше од Вашингтон? — прашуваат од Левица
Пратеникот од Левица Реџеп Исмаил вели дека преку писмено пратеничко прашање, побарал увид во Меморандумот за соработка во енергетиката што министерката Сања Божиновска го потпишала во Вашингтон, во април годинава. Но, како што вели, наместо копија од документот, од Министерството за енергетика добил одговор со „нејасни формулации за можни ограничувања, меѓународни обврски и заштита на …

