Тракторист тешко повреден кај беровско Будинарци

Четириесет и шестгодишниот З.П.(46) од беровско Будинарци вчера на излезот од Берово управувајќи трактор, изгубил контрола и се превртел. Трактористот здобил тешки повреди и бил пренесен во клиничкиот центар во Штип.