• иван џонов

ВИДЕО: Во ЕХФ воодушевени од ремек-делото во режија на Џонов и Костески

Македонската ракометна репрезентација денеска славеше победа против Романија во последниот натпревар од првата фаза на Европското првенство, а во овој дуел видовме и едно вистинско ремек-дело во режија на Никола Костески и Иван Џонов. Голот на Македонија кој го постигна Костески на асистенција на Џонов сигурно ќе биде и еден од најубавите на колото.