На специјалистите најмногу „им лепи рачето“, а тројца доктори побарале секс за да пружат здравствена услуга
На специјалистите најмногу „им лепи“ рачето во македонското државно здравство, а тројца доктори, мажи, им побарале сексуални услуги на пациенти за да им пружат здравствена услуга, покажа најновото истражување на граѓанската организација ЕСЕ (Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените). Во истражувањето учествувале 1040 испитаници преку телефонска анкета, а имало и 90 испитанички во …

