„Слатката краста“ се шири низ Јадранот — лекарите предупредуваат: Следете ги овие правила
Летните месеци секоја година носат и зголемување на одредени инфекции, на кои во прилог им одат топлината, влажноста и оштетената кожа. Деновиве актуелно е импетигото, попознато како „слатка краста“, откако лекарите во Сплит предупредија за зголемен број болни деца, објавија хрватските медиуми, повикувајќи се на епидемиолозите од Наставниот завод за јавно здравје на Сплитско-далматинската жупанија. …

