Скопјанка крадела во станови каде што чистела
Вчера полициски службеници ја уапсиле М.А.(45) од Скопје. Таа се сомничи дека во претходниот период извршила кражби во три станови во Скопје, при што одзела накит со вкупна вредност од околу 960.000 денари. Таа била пријавена на 14.03.2022 од сопственичките на трите станови, каде повремено било ангажирана за чистење, дека ја искористила нивната доверба и …