Во центарот на Тетово тешко повредена девојка

Осумнаесетгодишна девојка е тешко повредена во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 18.30 часот на булеварот „Видео Смилевски – Бато” во Тетово. Во девојката удрило возило „голф” со тетовски таблички. Повредена е Т.А, а возилото го управувал 47- годишниот Ш.Х. од Вејце. По сообраќајката повредената девојка е пренесена во болницата во Тетово.