Наградата „Пегаз“ свечено ѝ беше врачена на писателката Фросина Пармаковска за нејзиниот роман „Кривата Дијана“
Свечено и во присуство на претставници од книжевниот свет, читатели и медиуми, на 9 декември, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ беше доделена наградата „Пегаз“ за 2025 година на писателката Фросина Пармаковска за романот „Кривата Дијана“. Ракописот „Кривата Дијана“ (со поднаслов „Роман за верижната вина“) е книга на актуелниот момент, кој трае повеќе од три …

