Македонците оставаат милиони евра во Фри-шоповите кај соседите, најмногу за цигари, парфеми и пијалаци
Македонските фри-шопови на патните гранични премини остануваат затворени, а државата строго ги почитува европските правила што дозволуваат вакви продавници само на морските пристаништа и авиопристаништата. Од друга страна, државата губи десетици милиони евра, кои нашите граѓани ги трошат при излезот од соседна Грција, купувајќи цигари, парфеми, алкохолни пијалаци, чоколади. „Слободен печат“ не доби одговор ниту …

