На денешен ден – 26 февруари: Роден е Виктор Иго, еден од великаните на францускиот романтизам
1770.- Умрел италијанскиот виолински виртуоз и композитор Ѓузепе Тартини, кој вовел новини во техниката на свирењето и изработката на виолината. Компонирал мноштво концерти за виолина и сонати, вклучувајќи ја и сонатата „Ѓаволски трилер“. 1802.- Во Безансон е роден Виктор Иго, еден од великаните на францускиот романтизам кој покрај Балзак е најголема фигура во француската книжевност во деветнаесеттиот век. …

