Добредојде Брауни – Зоолошката градина збогатена со нов жител! (ФОТО)

Скопската зоолошка градина е збогатена со уште еден нов член – еленчето Брауни, соопштија оттаму. „После повеќе од 10 години, во ЗОО Скопје се роди кафено еленче лопатар. Утрово, нашиот Горан Анастасовски имаше можност да ги направи овие преубави фотографии веднаш по раѓањето. Добредојде Брауни, стои на фејсбук профилот на зоолошката градина“.