• дупка

Спасувачка акција во Белград: Дете паднало во дупка длабока пет метри

Дете на возраст од 12 години попладнево паднало во шахта длабоко четири до пет метри во напуштена фабрика во белградската населба Звездара.   Детето се здобило со тешки повреди, односно неколку скршеници, но е надвор од животна опасност. Момчето е свесно и комуникативно и со возило на Итна помош е пренесено во белградскиот Ургентен центар.