Со секира демолирал кафетерија

СВР Струмица поднесе кривична пријава против 47-годишниот Ѓ.Е. од Струмица поради постоење основи на сомненевање за сторено кривично дело насилство. На 24 минатиот месец во кафе бар на улица „Јанко Цветинов” во Струмица, осомничениот му се заканувал на сопственикот и со секира оштетил дел од инвентарот на објектот.