Митрополит г. Петар: Православната Црква не ја отфрла љубовта, ниту дијалогот како човечка средба, но одбива секаков дијалог што ја жртвува вистината заради надворешен мир
Православната Црква не ја отфрла љубовта, ниту дијалогот како човечка средба, но одбива секаков дијалог што ја жртвува вистината заради надворешен мир. Љубовта без вистина станува сентименталност, а единството без вистина – духовна измама, истакна митрополитот г. Петар во своето годинешно Божикно послание. Митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски г. Петар посочи дека Православната Црква е …

