• Биланс

Ковид-19 во Косово во последните 24 часа: Нови 781 инфекција и 17 смртни случаи

Косово за последното деноноќие пријави 17 починати пациенти од коронавирусот и 781 новозаболени лица од 3.634 тестови. Во земјата во моментот има 12.808 активни случаи, а од почетокот на пандемијата се евидентирани вкупно 84.498 инфенции од 397.374 тестирани материјали. Досега во Косово од последици на ковид-19 починаа вкупно 1.803 лица.