Србија и ковид-19 во изминатото деноноќие: Починаа 32 лица, нови 4.769 случаи

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Во изминатите 24 часа во Србија починаа 32 пациенти од последици на инфекција со ковид-19 со што вкупниот број на смртни случаи во земјата од почетокот на пандемијата достигна 4.966.

Според податоци на Институтот за јавно здравје на Србија, во изминатото деноноќие се направени 14.474 тестови, а позитивен наод е потврден кај 4.769, пренесува агенцијата Бета.

Најголем дел (1.309) се евидентирани во Белград пред Ниш со 359 и Нови Сад со 243 нови случаи. Над 100 заболени се заведени и во Крагуевац (118), Краљево (150), Панчево (100), јавува агенцијата Танјуг.

На болничко лекување во моментот се 5.899 лица или 368 повеќе од вчера, а 236 од нив се приклучени на респиратори. Смртноста од коронавирусот во Србија моментно е 0,89 отсто.

Од почетокот на пандермијата, во Србија се тестирани 3.277.390 милиони граѓани од кои 555.897 биле позитивни на вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот