Србија денеска пријави 5.297 нови случаи на ковид-19 и 37 починати пациенти

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Според официјални податоци во последните 24 часа во Србија починаа 37 пациенти со ковид-19, па вкупниот број на смртни случаи во земјата од почетокот на пандемијата се искачи на 5.039, е објавено на интернет страницата на српското Министерство за здравство.

Од последниот пресек на состојбата со коронавирусот во Србија, направени се 17.684 тестови од кои 5.297 со позитивен наод, пренесува ТВ Н1.

Во болниците и ковид центрите низ Србија моментно се сместени 6.349 лица, а 243 од нив се приклучени на респиратори.

Србија од почетокот на пандемијата пријави 566.669 случаи на ковид-19, смртноста од вирусот е 0.89 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот