Разговор со Атанасија Гулевска за деби-албумот „Лакримариум“ на АТА: Долг пат до својот автентичен звук
Музичкиот соло проект на Атанасија Гулевска, кој во 2023 година прерасна во составот АТА, на 20 февруари во „Лабораториум“ концертно беше презентиран со деби-албумот „Лакримариум“. Вокалната солистка Атанасија Гулевска проектот „АТА / аТа“ во 2021 година го започна самостојно. Следуваше период на соработка со музичари од различни музички позадини и настап на повеќе домашни и …

