1.200 гостиварци во болница не завршиле од водата, туку од храна, тврди директорката на ЈП „Водовод“-Гостивар Артана Асани
Директорката на гостиварскиот Водовод Артана Асани за „Телма“ вели дека зголемениот број на заболени луѓе во Гостивар не е поради загадената вода. Таа ги негира информациите на надлежните институции, кои ја забранија водата за пиење во Гостивар поради сомневање дека таа е изворот на епидемијата која се шири во градот. Асани вели дека „меѓу заболените …

