СЗС: Вучиќ повторно го потврди неуспехот на својата политика на Косово

Фото: МИА

Според СзС, „долги години слушаме приказни за тоа како тој се бори, како спие на под, како водиме 5:0 во преговорите и дека има неверојатна репутација и пријатели низ целиот свет”.

Српскиот претседател Александар Вучиќ со својата денешна изјава дека на Србија ќе и се понуди решение за Косово „кое нема да смее да го прифати, но ќе биде тешко и да го одбие”, уште еднаш го потврди неуспехот на својата политика на Косово, соопшти опозицискиот Сојуз за Србија (СзС).

Како што јави дописникот на МИА од Белград, од СзС додадоа дека Вучиќ веќе осум години преговара со своите партнери, Хашим Тачи и Рамуш Харадинај, а пред седум години го потпиша и Бриселскиот договор „давајќи им на приштинските власти контрола врз целата територија на Косово и Метохија”.

Според СзС, „долги години слушаме приказни за тоа како тој се бори, како спие на под, како водиме 5:0 во преговорите и дека има неверојатна репутација и пријатели низ целиот свет”.

– Никогаш не е водена ниту една дискусија за каков било план за решавање на косовското прашање. Ниту во Собранието на Србија, ниту во јавноста. Овој обид да се скрие зад „народот” е уште една кукавичка изјава на узурпаторот Вучиќ, се вели во соопштението.

Од СзС реагираа и по денешната изјава на една од партиите од коалицијата на СзС – Заедно за Србија (ЗЗС), и на лидерот на партијата и актуелен градоначалник на Шабац, кој изјави дека ЗЗС ќе излезе на локалните избори во овој град, додека парламентарните избори ќе ги бојкотира.

– Со одлуката да учествува на лажните избори, Заедно за Србија се дисквалификува од натамошната работа на Сојузот за Србија и српската опозиција, која ги бојкотира изборите и ги почитува своите обврски кон граѓаните од Договорот со народот, соопштија од СзС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот