СЗО во борба против гласините: Лукот и маслото од сусам не го убиваат коронавирусот

Фото: Википедиа

Поради брзото ширење на гласини, полувистини и комплетни дезинформации поврзани со новиот коронавирус Ковид-19, Светската здравствена организација (СЗО) започна кампања за информирање за оваа болест.

На веб-страната на организација, тие објавија повеќе различни митови и гласини кои се шират за вирусот, објаснувајќи кои се оптималните начини за превенција, но и кои се комплетно неточни информации во кои луѓето не треба да веруваат.

СЗО информира дека лукот не штити од инфекција со коронавирусот, дека засега не постојат индикации оти од него се заразиле домашни миленци, како и дека прскањето на кожата со алкохол и хлор не помага ако вирусот веќе е во организмот.

Не се советува ниту зрачење во УВ-зраци, а отворањето на писмо или пакет од Кина не може да пренесе инфекција.

Меѓу другите корисни информации, посочуваат и дека антибиотици и вакцини против воспаление на белите дробови, како што се различни вакцини не заштитуваат од коронавирусот.

Главна заштита од новиот коронавирус е честото миење на рацете, а потоа нивно добро бришење со хартија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот