СЗО предупредува на влијанието на војната и пандемијата врз менталното здравје во Европа

СЗО
СЗО / Фото: Архива на Слободен печат

 Светската здравствена организација (СЗО) предупреди на влијанието на војната во Украина и на пандемијата на коронавирусот врз менталното здравје во Европа, нагласувајќи ја важноста на дејствување на сите нивоа за справување со запоставените потреби за одржување на менталното здравје.

„Нашиот регион претрпува големи пресврти и промени. Пандемијата стави фокус врз менталното здравје додека вооружениот конфликт во Украина влијае на менталното здравје на милиони луѓе”, изјави Ханс Клуге, директор на СЗО за Европа.

„Десетте недели војна во Украина предизвикаа огромна неизвесност, несигурност, тага и загуба“, рече тој нагласувајќи дека 190-те извршени напади врз здравствени установи во Украина лишиле безброј луѓе во земјата од надеж и пристап до здравствени услуги.

Во средата во Копенхаген беше одржан првиот состанок на Паневропската коалиција за ментално здравје, инициран со цел да поттикне акција на сите нивоа за решавање на запоставените потреби за ментално здравје низ Европа.

Континенталната коалиција беше формирана во септември 2021 година, составена од 53 земји-членки на Европскиот регион на СЗО, заедно со меѓународни невладини организации, експерти и луѓе соочени со ментални здравствени проблеми.

Според СЗО, повеќе од 150 милиони луѓе во европскиот регион во 2021 година се соочиле со ментални здравствени проблеми. Само една третина од луѓето што страдаат од депресија моментално ја добиваат потребната помош. Организацијата посочува дека менталните здравствени проблеми ги погодуваат сите возрасни групи и сите сфери на општественото живеење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот