СЗО нема пари за да одговори на пандемијата како што треба

СЗО
СЗО / Фото: Архива на Слободен печат

Светската здравствена организација (СЗО) се соочува со недостиг на пари, што веќе се одразува за тековните операции, изјави денеска Мајкл Рајан, извршен директор на Програмата за итни здравствени случаи на СЗО, во разговор со министрите за здравство на земјите-членки.

Тој истакна дека СЗО во февруари побарала 1,96 милијарди американски долари за да одговори на пандемијата на коронавирусот оваа година и предупреди дека недостасуваат околу 70 проценти од таа сума.

– Ова претставува закана за СЗО затоа што не е во состојба да ги одржува своите витални функции и да одговори на итните приоритети. Ризик е СЗО да не може да обезбеди брза и флексибилна поддршка за земјите во неволја, изјави Рајан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот