СЗО: Кризата со коронавирусот може да се продлабочи

Фото: МИА

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти денеска дека пандемијата на коронавирусот може да стане многу потешка доколку сите земји не ги следат основните здравствени мерки на претпазливост.

– Дозволете ми да кажам отворено – премногу земји одат во погрешна насока, вирусот останува јавен непријател број еден, нагласи генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на видео брифинг во Женева.

– Ако не се следат основните правила, оваа пандемија ќе продолжи само на еден начин – ќе се влоши и ќе буде се полошо. Но, тоа не треба да се случи, рече тој.

Бројот на заразени со новиот коронавирус се искачи на повеќе од 13 милиони низ целиот свет до денеска.  За само пет дена, бројот на случаи е зголемен за еден милион, а досега вирусот уби повеќе од половина милион луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот