Инвазија од прегладнети поларни мечки во Новаја Земја – Русија

„Никогаш немало таква масовна инвазија на поларните мечки“, изјави Жиганша Мусин, шеф на локалната администрација. „Тие буквално ги бркаат луѓето“.

171

Дестетици гладни поларни мечки ги опседнаа жителите на арктичкиот регион.
Откако претставниците на архипелагот Новаја Земја апелирале за помош, Руските власти за животна средина распоредија тим од специјалисти со цел да ги успијат и префрлат прегладнетите поларни мечки.

„Никогаш немало таква масовна инвазија на поларните мечки“, изјави Жиганша Мусин, шеф на локалната администрација. „Тие буквално ги бркаат луѓето“.

Александар Минаев, заменик-шеф на регионот, додаде: „Луѓето се исплашени и се плашат да ги напуштат своите домови. Родителите не сакаат да им дозволат на своите деца да одат на училиште“. Во регионот е прогласена вонредна состојба.

На дел од снимките се гледа, како мечките се хранат со ѓубре од локалната депонија.
Обидите да се одвратат од поларните мечки со помош на автомобилски сирени и кучиња се неуспешни, објави новинската агенција ТАСС.

Поларните мечки во Русија важат за загрозен вид и нивното повредување е забрането со закон. Официјалните претставници предупредуваат дека, сепак, можеби ќе биде неопходно да се направи тоа за да се осигури безбедноста на локалното население,
ако не успеат обидите да се отстранат животните.