Суперлига: Манасков блескаше со 11 голови во убедливата победа на РК Вардар 1961

фото: Денис Дуковски / РК Вардар 1961

Нови бодови запишаа ракометарите на тренерот Владо Недановски кои во СЦ „Јане Сандански“ ја оправдаа фаворитската улога против РК Бутел во плеј-офот од македонската Суперлига.

Скопските „црвено-црни“ тримфираа убедливо со конечен резултат 35:18 и се наоѓаат на првото место со 12 бодови.

Најефикасен во редовите на РК Вардар 1961 беше левото репрезентативно крило Дејан Манасков со 11 голови, сите постигнати во текот на второто полувреме.

На спротивната страна Владимир Јевтиќ реализираше пет, а Мартин Манасков еден погодок помалку.

На втората позиција се наоѓа Еурофарм Пелистер кој својот меч ќе го има в сабота во братското дерби со Еурофарм Пелистер 2. Бутел кој го претрпе и третиот пораз во плеј-офот е на последната осма позиција со еден бод.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот