Суперлига: Еурофарм Пелистер освои само бод во битолското дерби

Играчите на Ларс Валтер беа изненадени од Е. Пелистер 2/фото: instagram.com/rkeurofarmpelister

Денеска првиот тим на Еурофарм Пелистер одигра само нерешено против Еурофарм Пелистер 2 во градското, „братско“ дерби со резултат 28:28 во третото коло од групата „Б“ во македонската Суперлига.

Еурофарм Пелистер кој се смета за еден од најголемите фаворити за титулата во шампионатот во битолскиот дуел ја имаше фаворитската улога, но истата не успеа да ја оправда.

После првите 30 минути играчите на тренерот Александар Јовиќ имаа позитива од „плус два“ (14:12). Е. Пелистер 2 беше многу блиску до голема победа оваа сезона, на една минута до крајот на средбата во салата „Боро Чурлевски“ водеше со 28:26.

Со крајни напори составот на данскиот стратег Ларс Валтер стигнаа до бод со головите на Радовиќ и Васиљев. На табелата во групата „Б“ води и натаму Е. Пелистер со седум бодови, пред Т. Пролет кој има шест, трет е вториот тим на Е. Пелистер со четири бодови, по три имаат Тиквеш и Скопје 2020, по еден Јуниор КВ и Радовиш, а последен е Голден Арт (0).

Еурофарм Пелистер 2:
Јовановски, Печурица, Јанковски, Ристевски, Кукуловски 1, Митревски, Димовски, Димитровски, Николовски, Талевски 2, Петровиќ 5, Пет. Атанасијевиќ 7, Ивановски 6, Белистојановски 1, Блажевски 3, Арсеновски 3
Седмерци: 1/0
Исклучувања: 10 минути

Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Кизиќ, Ојлески 1, Кузманоски 1, Стоилевски, Радовиќ 9, Танкоски, Хосни 5, Костески 1, Вилсон 3, Кукоски, Ѓорговски, Васиљев 3, Суси 4, Пешевски 1, Пав. Атанасијевиќ
Седмерци: 3/1
Исклучувања: 6 минути

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот