„Супер-компјутер“: Имаме нов фаворит за титулата во Премиер лигата

фото: EPA/Nigel Roddis

Вчерашниот ден ни донесе нов пресврт во трката за титулата во Премиер лигата. Манчестер сити и Арсенал одиграа 0:0 во големото дерби, додека Ливерпул по пресврт го победи Брајтон со 2:1.

На девет кола до крајот, Ливерпул е лидер со 67 бодови, Арсенал е втор со 65, а Манчестер сити е трет со 64 бодови.

Така, сега Ливерпул е во „пол-позиција“ за титулата, а на тимот на Јирген Клоп најголема шанса им дава познатиот супер-компјутер на „ОптаСтатс“, организација специјализирана за проекции и статистичка обработка на најсилните европски лиги.

По вчерашните натпревари „ОптаАналист“ 10.000 пати симулираше крај на првенството и прв пат сезонава фаворит за титулата не е Манчестер сити. Титулата Ливерпул ја освојува во дури 47,7 отсто од случаите, што е за 12,4 отсто повеќе од пред 30. коло.

Сити ја освои титулата во 33,5 отсто од случаите, што е пад од 12,4 отсто, додека Арсенал има 18,8 отсто шанси да стане шампион на Англија по 20 години.

Да потсетиме, Сити освои пет од последните шест шампионски пехари, а во 2020 година шампион беше Ливерпул, за кого тоа беше прва титула по 30 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот