Манчестер Сити и Арсенал ремизираа без голови, Ливерпул најмногу се израдува

Фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Во тврд натпревар без многу шанси за гол Манчестер Сити и Арсенал ремизираа 0:0 и тоа е резултат кој му одговара на Ливерпул кој сега останува на врвот во Премиер лигата.

Манчестер Сити имаше поголема иницијатива и поголем посед на топка, меѓутоа избраниците на Микел Артета одлично се бранеа и не дозволуваа посериозни шанси за гол.

Имаше и Арсенал свои моменти пред голот на Сити, меѓутоа ниту еден од двата тима не создаде посериозна прилика за гол.

Ремито најмногу му одговара на Ливерпул кој претходно го совлада Брајтон и сега со 67 бода останува лидер на табелата, Арсенал е второпласиран со 65, додека Манчестер Сити на третата позиција има 64.

ВИДЕО | Салах обезбеди триумф на Ливерпул над Брајтон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот